Едно од последните барања на девојката, знаејќи ја тешката финансиска состојба на родителите е никогаш да не престанат да играат лото, но сите тие мислеле дека тоа е само губење време.
Семејството Серезо не можело да плаќа хипотека за куќата и поради тоа биле на чекор од иселување. Нивниот автомобил го одзеле.
Накитот на семејство е продаден, но среќата конечно дојде и до ова семејство.
Рикардо Серезо (44) дал отказ од консултантска фирма во 2010 година, за да се грижи за својата ќерка Савана, која страда од сериозно биполарно растројство, поради кое морала да седи дома.
Бидејќи не бил задоволен од агенции кои обезбедуваат грижа за лицата кои се сериозно болни, грижливиот татко одлучил да и ја олесни сериозна болест на ќерка си колку што е можно повеќе.
За жал, Савана (14) почина во август минатата година. Девојката, мозочно мртва, доживеала четири и пол часа долг епилептичен напад, по што нејзините родители одлучиле да ја исклучат од апаратите, на кои била вклучена.
Еден од последните нејзини подароци на родителите била тегла со колачиња, а едно од последните барање, знаејќи ја тешката финансиска состојба на родителите е никогаш да не престанат да играат лото.
„Савана е единствената која не охрабруваше да играме лотарија. Сите други мислеа дека тоа е губење време“, изјавил нејзиниот татко.
Старите ливчиња ги чувала во стаклена кутија за колачиња, а оваа недела, девет месеци по смртта на нивната ќерка, сопругата на Рикардо Бони му рекла да направи нешто со кутијата полна со стари ливчиња.
Наместо да ги фрли Рикардо одлучил да ги провери дали има некоја добитната комбинација.
Тој ги однел во локалната продавница, 9 од нив биле безвредни. Едно од нив имало наплата 3 долари, а последниот билет вредел повеќе од 600 долари, но продавачот не знаел точно за која сума станува збор.
Па излегло дека ливчето вредело речиси 5 милиони долари.
Исплатата ќе биде поделена, па така во следните 26 години семејството ќе добива по 100 илјади долари и тоа токму во февруари, кога е родена Савана.
„Таа секогаш иснсистираше некако да ни ги исплати парите потрошени на лекувања, си го држа ветувањето“, изјавил Рикардо.
Denesen/mk