Три куполи, антички столбови, голема тераса со неколку скулптури… се само дел од новите елементи на идејното решение за новата фасада на Градскиот трговски центар во Скопје, кое денеска е избрано од комисијата за новиот тендер за новиот лик на центарот.
Автор на решението е Жарко Чаушевски, архитект чии неколку предлози веќе се реализирани со проектот 2014. Нови фасади во барок-стил ќе добијат и станбените кули во ГТЦ.
Досега имаше неколку неуспешни обиди за избор за нова фасада на ГТЦ. Старата комисија беше заменета со нова.