ФОТО: Oтворен третиот дел од проширениот булевар „Илинден“


Oфицијално отворен за сообраќај третиот дел од проширениот и реконструиран булевар „Илинден“, кој во изминатите 10 месеци се градеше на потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до улицата „Љубљанска“ во должина од 1.100 метри. Со реализираниот проект на Градот Скопје, булеварот Илинден доби четири коловозни ленти широки по 3,5 метри, а од двете страни се оформени тротоари со ширина од по 2,5 метри.

5000Bulevar-Ilinden-3-faza

Поставена е нова атмосферска канализација во должина од 610 метри (Ф200 и Ф300 милиметри) и изграден е армирано – бетонски мост во должина од 20 метри преку буичниот канал во Карпош 3. Инсталирано е ново улично осветлување долж целата траса и заштитна жичена ограда кај стадионот на ФК „Локомотива“. Во средишниот дел е изградена жардиниера со ширина од 2,5 до 5 метри. Просторот околу булеварот е хортикултурно уреден и засадени се 120 дрворедни садници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1