Од 1 јуни забрана за камиони низ Скопје


Градот  Скопје ги информира сите учесници во сообраќајот , дека од први јуни  година ќе стартува со сезонскиот вонреден времен режем на сообраќај на забрана за движење на тешки товарни моторни возила на подрачјето на Град Скопје.
kamion-skopjeЗабраната ќе важи во  временски период од 10 часот наутро до 20 часот  и ќе трае се до први септември.
Ваквиот режим се воведува поради заштита за коловозите од оштетување поради големите осни оптоварувања  на тешките товарни моторни возила во услови на високи дневни температури во летните денови.
Овој  режим на сообраќај не се однесува тешките товарни возила што превезуват лесно расипливи стоки, медицински препарати и  жива стока.
Се молат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват  на поставената сообраќајна сигнализација.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1