За колку пари се купувала судска пресуда во Велес – МВР истражува


Седуммина од осумте приведени добија притвор, вклучувајќи го и новинарот, а еден од осомничените добил куќен притвор

apsenje oreseПолициски екипи истражуваат дали покрај двата звучни случаја „Ореше“ и „Франкфурт мафија“ осомничените судии, адвокати и обвинители биле вмешани во продажба и на други случаи што се воделе пред Основниот суд во Велес. Се проверува дали и за колку пари се продавале пресудите и кој с` бил вмешан во овој криминален бизнис. Kако шемата пополека се расплетува така се откриваат и други вмешани во бизнисот, пишува Дневник.

Полицијата откри огромен арсенал оружје, автоматски пушки, како и пет килограми пластичен експлозив во домот на обвинителот, кој заедно со судии, адвокат и со новинар беше уапсен во акцијата „Ликвидација“. Седуммина од осумте приведени добија притвор, вклучувајќи го и новинарот, а еден од осомничените добил куќен притвор. МВР и вчера ја продолжи акцијата, при што е уапсен братот на обвинителот, инаку поранешен разузнавач, кој наводно е сопственик на огромниот арсенал оружје.

Инаку, експлозивот е пронајден во домот на обвинителот, кој тврдел дека вистинскиот сопственик е неговиот брат. Потоа е извршен претрес во неговиот дом во Скопје по што е пронајдено дополнително количество оружје. Не е познато зошто им требало толкаво количество оружје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1