На денешен ден Панчев, Најдоски и Црвена Звезда ја покорија Европа! (Видео)


За приврзаниците на Црвена Звезда датумот 29-ти мај 1991-година вечно ќе се памети. И денес, 22 години подоцна, успехот кој тогаш го оствари екипата на Петровиќ остана по се изгледа како “невозможна мисија” за клубовите од овие простори.

-Црвена Зведа е шампион на Европа! Дарко, Дарко, Дарко… – и понатаму добро се паметат зборовите на легендарниот коментатор Милојко Пантиќ од стадионот Свети Никола од Бари, во моментите кога нашиот Дарко Панчев го постигна одлучувачкиот гол во пенал-серијата во финалето на Купот на шампионите против Олимпик од Марсеј.

zvezsda

За оние помладите, да потсетиме дека натпреварот во регуларниот дел и после продолженијата беше завршен без голови, 0:0, а Црвена Звезда беше поуспешна во изведувањето на пеналите, 5:3, и така се искачи на врвот на Европа.

Под палката на тренерот Љупчо Петровиќ, Црвена Звезда во финалето настапи во следниот состав: Стојановиќ, Југовиќ, Маровиќ, Шабанаџовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савичевиќ, Биниќ.

Повеќе на – Спорт Клуб

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1