Градот Скопје ги информира сите учесници во сообраќајот , дека од први јуни година ќе стартува со сезонскиот вонреден времен режем на сообраќај на забрана за движење на тешки товарни моторни возила на подрачјето на Град Скопје.
Забраната ќе важи во временски период од 10 часот наутро до 20 часот и ќе трае се до први септември.
Ваквиот режим се воведува поради заштита за коловозите од оштетување поради големите осни оптоварувања на тешките товарни моторни возила во услови на високи дневни температури во летните денови.
Овој режим на сообраќај не се однесува тешките товарни возила што превезуват лесно расипливи стоки, медицински препарати и жива стока.
Се молат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација.