– Познатата глумица Мерлин Монро заради кариерата како актерка не сакала да раѓа деца. Нејзиниот живот завршува со самоубиство како последица на тоа што одлучила да се направи хирушки зафат да не може понатаму да раѓа, а потоа откако се јавиле чувството и желбата за мајчинство да роди деца тогаш било поцна и затоа и завршила така трагично, вели Митрополитот Петар.
Црквата не го одобрува абортусот бидејќи станува збор за свесно, намерно или со умисла убиство на децата во утробите на мајките, изјави денеска во Битола, Митрополитот Петар.
Според него, ризикот од абортусот е и самоубиство, зашто жените преку абортус ризикуваат да останат неплодни или го ризикуваат својот сопствен живот, што е двоен грев.
Митрополитот преку пример со актерката Мерлин Монро ги посочи опасностите од абортусот.