Прислушувани телефоните на цело ВМРО-ДПМНЕ и сите нивни поддржувачи


Речи си целата постава на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 1992 до 1995 година било прислушувано по наредба на тогашниот Министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски. Како што дознава Press24 од свои извори меѓу лустраторите, покрај партиското раководство, на мета на „големото уво“ биле и сите тогашни поддржувачи на партијата.

frckovskiПа така, се прислушувале телефоните на видни бизнисмени кои донирале финансиски средства во тогашната опозиција. Тогашните државни служби се интересирале што зборуваат преку телефон и професорите кои важеле за блиски до тогашната десница.
Пред 3 дена, Комисијата за лустрацаија донесе решение со кое се утврдува дека Фрчковски издавал наредби за следење.

Според ова решение, на кое Фрчковски се уште има право на тужба пред Упавниот суд, професорот на Универзитетот во Скопје нема право да извршува ниту една јавна функција.

Љубомир Фрчковски е еден од најгласните критичари на Законот за лустрација. Поранешниот министер за внатрешни работи во повеќе нарати излегуваше со ставови, дека законот треба да важи до 1991 година.
Од вчера, на сајтот на Комисијата за лустрација може да се прочитаат досиејата на последните тројца лустрирани поранешни функционери.
Документацијата која е објавена за Фрчковски, можете да ја разгледате тука

press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1