Прегазен човек речи си половина час лежел на раскрсницата пред Градска болница спроти Зелениот пазар во центарот на Скопје. Како што тврдат очевидци за Press24 Кои и ги испратиле овие фотографии, човекот беспомошно чекал Брза Помош повеќе од половина час иако болницата е на само 20 метри од него. За среќа човекот ја преживеал несреќата во која бил прегазен од таксист.
За случајот се уште нема официјална потврда од МВР.
Фото – Прес 24