Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, е примена во болница откако Итната служба го примила повикот дека ги пресекла вените, наведуваат странските медиуми.
Единствената ќерка на кралот на поп-музиката, по се изгледа се обидела да си го одземе животот, наведува сајтот TMZ. Парис е примена во болница во два часот наутро во среда .
Тинејџерката на својот Твитер профил напишала стих од песната на „Битлси“ – „Yesterday“.
„Вчера, сите мои проблеми делуваа толку далеку. Сега изгледаат како да се тука и не одат никаде.“
„Зошто солзите се толку солени?“