Научниците од Австралија тврдат дека езерото никогаш не било погодено со климатски промени и на влијанијата на човекот.
Езерото за кое австралиските научници тврдат дека се наоѓа во нивната земја имало кристално чиста езерска вода со ист хемиски состав како и пред 7.500 години.
– Ова како да е Божја када. Предивно е, апсолутно предивно – изјавил доктор Камерон Бар.
Бар и неговиот тим на истражувачи од Универзитетот Аделајд тврдат дека водата во езерото е толку проѕирна што може да се види до длабочината од 30 метри.
Kanal 5