Рускиот претседател Владимир Путин и неговата сопруга Људмила потврдија дека нивниот брак е готов и тие наскоро ќе се разведат.
Претседателот на Русија Владимир Путин и неговата сопруга Људмила веќе подолго време според медиумите имаа само фиктивен брак.
Шпекулациите сега се потврдија и тоа лично од Путин и Људмила на националната телевизија.
,, Да се разведуваме и ова е цивилизиран развод,, изјави Људмила додека Путин стоеше покрај неа. Таа додаде
„ Не сакам публицитет, а и летањето е комплицирано за мене – сите тие обврски се комплицирани. Ние ги сакаме нашите деца и горди сме на нив и често се гледаме. Ние секогаш ќе бидеме пријатели,, изјави Људмила.
Владимир и Људмила беа во брак 30 години – од 1983.
Медиумите претходно шпекулираа со години дека Путин е во врска со млада гимнастичарка, но ниту тој ниту неговата сопруга не сакаа да ги потврдат наводите.