Пајо Паторот , еден од омилиените цртани ликови со децении наназад, утре ќе наполни 79 години.
Најпознатиот патор на светот кариерата ја започна во 1934 година во краткометражниот филм “Silly Symphonies”.
Познат е по тоа што е тврдоглав, нестрплив и избувлив, но од друга страна е и шармантен.
Волт Дизни н го создаде како противтежа на Мики Маус. Пајо е познат и по тоа што е опседнат со пари, а за тоа говори и неговиот однос со вујкото Бајо, кој пак е многу богат и скржав.
Препознатливиот глас на овој симпатичен лик му го даде актерот Клaренс Неш и тоа траеше до неговата смрт во 1985 година. Тоа е полуразбирлив говор, за да биде поубедлива сликата за овој лик.
Од 1985 година гласо на Пајо Паторот му го позајмува Тони Анселмо.