Поскапува пивото во Македонија


Генералниот директор на Пивара, Јаак Микел изјави дека ќе се зголеми цената на пивото, како резултат на зголемувањето на акцизите што го најави Владата. Микел посочи дека тие како компанија веќе ја известиле Владата за она што ќе се случува како резултат на тој потег, пренесува Фактор.мк

lager-day-Секое зголемување на акцизите повлекува и зголемување на цената на производите. Па така, може да очекува дека цената на пивото ќе се зголеми. А секако кога се зголемува цената на пивото или било кој друг производ тоа влијае на потрошувачката, односно на побарувачката на тој производ.

Многу е рано да се каже каково ќе биде тоа влијание од овој чекор, но секако дека ќе има влијание. Ја известивме Владатаза нашата позиција, свесни сме дека тоа е веќе одлучено, но ние се надеваме дека ќе можеме да продолжиме со дијалогот со Владата за да овозможиме раст на индустријата на производство на пиво во земјата, вели Јаак Микел.

Прес24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1