Делче од Светиот крст на Исус денес во Скопје


Во Параклисот на Свети Никола во општина Аеродром денес ќе бидат донесени мало делче (честичка) од Светиот крст на кој бил распнат Исус Христос заедно со делови од мошти на други светители

На поклонение ќе бидат донесени честичка од Светиот Животворен Крст Господов, честички од Свети Серафим Саровски, од Свети великомаченик Пантелејмон, Свети Димитриј Ростовски, Свети Теофан Затворник, парче од одеждата на свети Јован Шангајски, како и неговата книга Новиот Завет.

r-JESUS-NAILS-large570

Честичката од крстот на кој бил распнат Исус Христос, која од САД деновиве го донесе Стојанче Андов, млад студент по теологија на руската духовна академија „Света Троица” во Џорданвил, Њујорк, е трето парче на оваа света реликвија на која верниците во земјава ќе можат да и искажат почит.

Вакви делови постојат уште во Бигорскиот манастир и во манастирот „Свети Ѓорѓи” во Рајчица. Честичката што ја добил од еден владика на руската задгранична црква во САД е ставена во восок и се наоѓа во внатрешноста на сребрен крст.

Светиот крст е една од најголемите христијански реликвии, а се смета дека е откриен од царицата Елена, мајката на цар Константин. Таа го донела во тогашниот Константинопол, каде што патријархот Кирил Ерусалимски разделил стотици парчиња како световни реликвии кои треба да го чуваат и да го поткрепуваат темелот на христијанските цркви.

Денеска, во светот, многу цркви и манастири наведуваат дека располагаат со делови од оваа реликвија.

Курир

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1