Аманетот на Мајка Тереза ги собра децата од повеќе нации на едно место


Децата умеат да ги згреат и стоплат срцата на возрасните, по секоја основа. Најмногу кога се весели, разиграни, распеани и со убава мисла за својата иднина. Дечињата од повеќе скопски училишта, припадници на разни етникуми, неодамна одржаа приредба пред спомен Домот на Мајка  Тереза, каде не само што го преполна просторот, туку ги трогна присутните и предизвика солзи.
941114_701594949870156_435704605_nНеодамна се случи мултиетничкиот хуманитарен настан именуван како „Мајка Тереза-пример за хуманост без граници“, поддржано и од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга, Маја Иванова, како и од Панче Кралев (екс-министерот за  образование) и Ивица Коневски- градоначалникот на општина Аеродром.
Целта на овој проект беше меѓуетничко дружење и  развивање на перцепцијата за хуманост. Намената беше донирање хуманитарен пакет за помош  на „Институтот за белодробни заболувања кај децата“ – Козле 
Во соработка со Спомен куќата  Мајка Тереза“, организатори на оваа благородна манифестација беа  ОУ ,,Лазо Ангеловски“- Општина Аеродром, ОУ „Петар Здравковски – Пенко“- Општина Бутел и ОУ ,,7 Марси“ Општина Чаир, каде во изминатиов период се одржаа низа хуманитарни акции и приредби.
Оваа манифестација ќе прерасне во традиција, помасовна и се поубава, за што интерес пројавија уште неколку други училишта.
Топлата атмофера ви ја доловуваме преку следните фотографии 
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1