Заев: Ќе го поддржиме Груевски за името ако го сочува идентитетот, јазикот и националната посебност


СДСМ ќе даде поддршка на власта за решавање на прашањето за името ако притоа го зачува нашиот национален идентитет, јазик, национална посебност.

Ова во неделното интервју за Радио Слободна Европа го изјави новиот претседател на СДСМ Зоран Заев, кој додаде дека во овој момент очекуваат да бидат информирани од власта за текот на преговорите, а не, како што рече, да добиваат информации од медиумите.

zoran-zaev„Очекувам став на премиерот на државата и на претседателот на државата за овие прашања за да можеме секундарно и ние како опозиција да се изјасниме. Не се чувствувам првоповикан по ова прашање, првоповикан е премиерот, но секако веднаш после него опозицијата е повикана. Ја пуштам позитивната нишка на конзистентност на ставот, а тоа значи силна поддршка за владејачките гарнитури да пресечат, да одлучат така како што е најдобро за нашата земја и притоа да гарантираат заштита на нашиот национален идентитет, нашиот македонски јазик и нашата национална посебност”, рече Заев.

Во врска со новите коалиции во опозицискиот блок, Заев најавува дека се отворени за коалицирање со сите, не само од македонскиот блок, туку и од албанскиот.

gruevskizaev„Само така можеме да успееме да го свртиме вниманието на граѓаните, да бидеме надеж. Оти ние велиме да го поразиме режимот на Груевски, но чуму тој пораз ако нас не не препознаат како иднина, како опција за иднината на граѓаните. Така што мора да потрошиме повеќе време нудејќи се себе си, своите програми, своите политики, своите решенија, мерки, да бидат препознаени, луѓето да сфатат дека тоа навистина е практично изводлива работа која што ќе го подобри квалитетот на живеење во Македонија, па според тоа да падне режимот на Груевски”, нагласува Заев.

Новиот лидер на СДСМ не очекува враќање на Владо Бучковски во редовите на социјалдемократите, посебно по најавите дека движењето на Бучковски би можело да прерасне во партија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1