Лажна е насловна за „убиените“ Атанасоски – осудените на 15 години затвор во Македонија


Лажна е насловната страница од аргентинскиот весник „Ла Kапитал“ на кој е објавена информација дека се убиени сопружниците од Македонија, Рокан (55) и Маријана (55) Атанасоски, газди на фирмата „Платина инженеринг“, кои во земјава се бараат за издржување казна од 15 години затвор. Десетина домашни медиуми последниве два дена ја пренесоа информација објавена на „Фејсбук“ дека сопружниците Атанасоски биле пронајдени застрелани во стан во Мар дел Плата во Буенос Аирес. Kако „поткрепа“ на тоа тврдење беше објавена насловна страница која личеше дека е од весникот „Ла капитал“ на која може да се прочита поднаслов дека е извршено злосторство.

platina ubistvo
Со оглед на фактот дека на страницата ~ недостигаат низа елементи, како насловот на весникот, датумот кога е објавена информацијата и слично, а и фактот дека ниту еден друг медиум не известил за ова убиство, Дневник се обратил до весникот кој наводно ја објавил информацијата. Поради временската разлика, завчера доцна синоќа ја добивме оригиналната насловна страница на која може да се види дека се разликува од онаа објавена во некои од нашите медиуми. На неа нема информација за наводното двојно убиство со што станува очигледно дека некој направил фалсификат.

– Страницата е фалсификат. Во прилог ви ја праќаме оригиналната на која може да се забележи тоа за да ја демантирате информацијата – ни рекоа кратко од аргентинскиот вестник

Не е познато кој стои зад фотомонтажата и дали целата работа е сторена за лажно да се прикаже дека сопружниците се мртви или, пак, целта била случајот „Платина инженеринг“ повторно да се најде во медиумите.

Повеќе на – Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1