Камионите кои од Македонија превезуваат стока на Косово во иднина ќе плаќаат по 100 евра такса за влез во соседната држава, одлучи косовската влада наведувајќи дека се работи за рециприоцитетна мерка.
Новата такса од 100 евра е воведена и за камиони од Србија и од Црна Гора кои превезуваат стока на Косово.
Советникот на косовскиот министер за инфраструктура Љах Нитај рече дека косовските компании при влез во Србија плаќале такса од 100 евра по камион, и дека од вчера истата мерка е воведена за камиони од Србија, Македонија и Косово.
„Станува збор за реципроцитетна мерка за да се заштитат компаниите од Косово кои извезуваат. Оваа такса ќе се применува и за останатите држави од регионот, со исклучок на Албанија, бидејќи таа држава никогаш не применувала било каква такса за камиони од Косово“, рече Нитај.
Тој прецизираше дека таксата ќе се наплатува при секој влез на камион на Косово.
Makfax