Скопјанец на­мер­но се фрлил под кола за да наплати осигурување


Трој­ца скопјани, во Струмица фингирале сообраќајка, со намера да наплатат штета од оси­гу­ру­ва­ње. Но нивниот обид бил спречен од полицијата која, како што соопшти вче­ра МВР, поднела кривични пријави против Ј.С. (44), С.Б. (30) и Д.М. (25), сите од Скоп­је, под сомнение дека го сториле кривичното дело лажно пријавување на кривично де­ло.

policijayetiОсомничените се договориле Ј.С. со автобус од Скопје да замине во Струмица, а С.Б. и Д.М. да тргнат со автомобил и да го следат автобусот во кој бил тој , па ко­га ќе пристигнат во Струмица, тој да налета на нивниот автомобил. Како што се до­го­во­ри­ле, кога автобусот пристигнал во Струмица и сопрел пред пред пешачкиот пре­мин , Ј.С. излегол од него и истрчал пред нивното возило, по што паднал на асфалтот.

Тој веднаш почнал да се жали на болки во раката и бил пренесен во Струмичкиот здрав­ствен дом каде што била констатирана повреда со која се здобил претходно, а не од сообраќајната незгода. Бил извршен и увид, тројцата скопјани биле повикани на раз­го­вор во струмичката полиција и бил спречен нивниот план.

Вест.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1