Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи уапсени се вкупно 19 лица, по шест во Скопје и Струмица, три во Берово, две во Кочани и по едно во Тетово и Делчево. Меѓу уапсените има и еден полицаец вработен од граничната полиција, а три лица се’ уште се во бегство.
Неофицијалните информации гласат дека кривична пријава се подготвува за 20 лица, меѓу кои се наоѓа и еден бугарски државјанин.
Според Пресс 24 групата од 2010-тата година внесувала илегално цигари од Албанија и Косово и ги складирала во складишта во Скопје како и во импровизирани магацини во близина на македонско-бугарската граница.
Според неофицијалните информации, кај дел од осомничените е пронајдена и марихуана, цигари како и пакети со „Ред бул“ за кои се смета дека се внесени нелегално од Косово.
Од МВР велат дека повеќе детали за акцијата ќе бидат соопштени утре.