Влезот во Аквапаркот за деца до 4 години ќе биде бесплатен


Посетителите на аквапаркот, кој треба да се отвори до 15 јули, ќе уживаат во новите атрактивни содржини за 300 денари, информираат одговорните од Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кои ќе го стопанисуваат овој капитален објект. За деца до 4 години влезот ќе биде бесплатен, а ќе се продава и т.н. „семеен пакет” за четири лица, по цена од илјада денари. Во цената влегува користењето лежалка, чадор, маса и столови, пренесува Дневник.

akva

Директорот Ратко Kапушевски вели дека цените не се конечни, односно точно ќе се прецизираат пред отворањето.

– Водниот парк ќе работи во две смени, од 10 до 18 часот и од 18.15 до 1 по полноќ – вели тој.

За безбедноста на посетителите ќе има спасувачки екипи.

– Се отвораат нови работни места за 35 лица, од кои 15 ќе бидат ангажирани како спасувачи, а останатите во угостителските објекти – три шанка и еден ресторан. Оние што ќе конкурираат за спасувачи мора да имаат лиценца за вршење на таа дејност и завршено факултет за физичка култура – потенцира Kапушевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1