18 месеци затвор за фотографија на Хитлер на Фејсбук


Австрискиот суд осудил еден неонацист кој има 29 години на 18 месеци затвор бидејќи на фејсбук објавил фотографии на Адлолф Хитлер, кукастиот крст, како и други забранети содржини.

hitlerОвој човек признал дека поставил фотографии на друштвената мрежа, но пред судот во Фелдкирх, на западот од Австрија, рекол дека не знаел дека тоа некој може да го види и дека немал намера да го промовира нацизмот.

Медиумите забележале дека осуденото момче носи ракавици како би ги прикрило тетоважите. Тој признал дека бил активен скинхед во периодот од 2000 до 2002 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1