Сопственикот на интернет порталот Комуникција.мк заработил притвор откако бил уапсен од страна на полицијата.
Како што дознава Press24 од свои доверливи извори, сопственикот на порталот 31 годишниот Б.Н. е уапсен под соменине за сторени неколку кривични дела на измама.
Попладево тој бил изведен пред Истражен судија кој му одредил мерка притвор од 30 дена.
Од МВР за Mknews потврдија дека е уапсено лице за измама – но повеќе детали ќе има утре.
Mknews и претходно пишуваше за сопственикот на овој портал кој преку ноќ си го промени името од Без Пардон во Комуникација.мк и не им исплати плати на околу десетина вработени