Нов Дојран по 20 години пак доби плажа


По речиси две децении, денеска во Нов Дојран за туристите е отворена обновената плажа „Калдрма“ што се наоѓа на излезот од населбата кон Стар Дојран.

dojranskoОд Туристичкото биро на општина Дојран, јави МИА, информираат дека оваа плажа е традиција на локалното население и оти токму со неа се поврзани убавите спомени на многу дојрански семејства.

Кога во лето Стар Дојран е полн, голем број туристи се сместуваат во Нов Дојран, кој е оддалечен околу 3 километри така што сега туристите не мора да патуваат за да одат на плажа.

За разлика од Стар, кој е полн само во сезоната, Нов Дојран има повеќе народ во текот на целата година поради што општината голем дел од културните настани и случувања ги префрли тука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1