За златна средина треба 900 евра – а за што ги троши парите кревката средна класа во Македонија


Во моментов, речиси две милијарди лица на земјината топка уживаат во благодетите на средната класа, за десетина години оваа бројка ќе се искачи на 3,2 милијарди лица, а во 2030 година ќе има 4,9 милијарди средно богати лица.

pari turistСпоред критериумот на ОЕЦД, за да се биде дел од средниот слој, дневната потрошувачка треба да изнесува меѓу 460 и 4.600 денари, или од 7,4 до 74,4 евра. За 4-члено семејство да го премине прагот и да стане дел од средната класа, минимално дневно му се потребни 29,6 евра, а месечно 888 евра, или 54.878 денари.

Колку македонски граѓани, односно интелектуалци, професори, лекари, правници, банкари… се дел од средниот слој. Колку од нив имаат семеен месечен приход од минимум околу 1.000 евра. Според Државниот завод за статистика, во првото тромесечје од годинава во земјава работат 668.957 лица, а токму тие со своите плати треба да му го овозможат стандардот на семејството.

Статистиката утврдила дека најмногу или 19,6% од вработените имаат примања од 10.000 до 12.000 денари.

pari

од 12.001 до 14.000 денари е 9,4%,

од 14.001 до 16.000 се 8,7%,

од 16.001 до 18.000 денари се 6,6%,

од 18.001 до 20.000 денари се 7,1%,

од 20.001 до 25.000 се 15,5%,

од 25.001 до 30.000 примаат 6,9%,

а од 30.001 до 35.000 се 3,9%.

Статистиката утврдила дека 6,4% од вработените се со плата од над 35.000 денари.

Просечниот македонски граѓанин дури 39% од неговите месечни приходи ги троши на храна и основни животни намирници, 5,9% на облека, додека 11,6% одвојува за комуналии. Македонецот се грижи и за неговото здравје и одвојува околу 3,6% од својата плата, за сообраќај нешто повеќе од 5,9%, а за покуќнина 4,9%.

– Средната класа не може да си купи ниту половен автомобил. На годишен одмор оди само ако плати на рати, а се почесто купува животни намирници кои се егзистенцијални, а се почесто се откажува од користење на разни услуги – вели српскиот економистот Мирослав Здравковиќ .

Vecer.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1