Цеца и Аца Лукас избркани од скопските дискотеки!


Лудилото наречено турбо-фолк од неодамна не се слуша во летните дискотеки. Сопствениците на дискотеките во главниот град едногласно одлучиле турбо-фолкот да престане да се пушта, а единствено диџеите и македонските пејачи ќе можат да настапуваат

ceca i aca lukasНоќниот живот во Скопје преку ноќ се измени. Нема повеќе џускање на турбо-фолк во летните дискотеки, а љубителите на оваа музика ќе можат да ја слушаат само во кафеани и по дома. Па така, Цеца, Аца Лукас, Харис Џиновиќ единствено ќе можат да се слушаат на приватни забави, кафеани, низ дома, а во диско ќе се слуша сосема друг вид музика.

Турбо-фолк лудилото кое го зафати главниот град и каде што се бараше карта повеќе за да се присуствува на концерти на некои од српските пејачи, па и на нашиот Жаре Бербер, кога од жешката атмосфера сите се гасеа со литри алкохол, гужвите и турканиците беа нормален дел од излегувањето. Љубителите на овој вид музика ќе бидат приморани да се преориентираат на друг вид музика ако се уште сакаат да бидат дел од градската шема.

Како што пренесува Вечер еден од скопските менаџери, истакна дека сопствениците на летните дискотеки решиле ниту во едно летно диско да не се пушта турбо-фолк и да не се носат српски пејачи. Целта за донесување на оваа измена во ноќниот живот е да се врати стариот сјај на Скопје, кога секој викенд доаѓаа некои од најдобрите светски диџеи.

Љубителите на турбо-фолкот не се согласуваат со промените и се жалат дека немаат каде да излегуваат, додека пак противниците на турбо-фолкот се радуваат што конечно после неколку години во диско ќе се пушта диско музика.

Останува да видиме како скопјани ќе ги прифатат измените во ноќниот живот, и дали дискотеките ќе имаат повеќе ќар со носење на светски познати диџеи, отколку со турбо-фолк пејачите.

Povekje na – Vecer.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1