Почина ќерката на Пирс Броснан, Шарлот по тригодишна битка со ракот.
– На 28 јуни во 2 часот попладне почина мојата сакана ќерка Шарлот Емили и отиде во вечноста. Ја совлада ракот на јајниците, вели Броснан за Пипл.
Според изјавата на актерот Шарлот упорно се борела со ракот 2 години, со гордост и храброст. Тој додаде дека се моли што поскоро да се најде лек за ракот.
Шарлот почина на 41 година во Лондон таа зад себе го остави сопругот Алекс и двете малолетни деца, 14-годишната ќерка и 8-годишниот син.