Жителите на градот Врадијевка во Украина го нападнале седиштето на локалната полиција откако локалните власти одбиле да го уапсат полицаецот осомничен за групно силување на една жена.
Телевизијата прво покажала снимки како групата фрла камења, а потоа како влегуваат низ капијата на полициската станица. Настанал хаос, а протестот траел до утрото.
Причината за протестот е грабнувањето и силувањето на 29 годишна девојка, која по злосторничкиот чин била неколку дена во кома. Таа имала и повеќе скршеници на черепот и модринки по целото тело. Таа дала изјава во полицијата дека била турната во автомобил и однесена во шума, каде била дивјачки силувана од двајца полицајци со подршка на возачот.
Едниот од полицајците бил уапсен, но другиот за кој , девојката вели дека е главниот сторител на делото, е на слобода. Тој изјавил дека во тоа време бил на работа во полициската станица.
Во јавноста се објавени фотографии од претепаната и брутално силуваната Украинка, 29-годишната Ирина Храшкова, која се согласила и за интервју со Еуроњус.
Украинскиот претседател дал подетални информации околу истрагата на случајот. Открил дека Ирина, инаку мајка на деветгодишно дете, моментално се наоѓа во болница, со тешки повреди на главата и две поминати операции.