Откажани сите аранжмани за Египет ова лето


Македонците нема да се сончаат на песочните плажи во Египет оваа лето. Поради немирите во земјата агенциите од Белград ги откажуваат летовите од Белград, со кои домашните агенции испракаа наши туристи.

Ваква одлука поради безбедносни причини донеле поголем број на тур оператори и агенции од Србија.

egypt-camel– од 17 натака се стопираат чартер летовите за Шарлм ел Шеик и Хургада, што значи дека патниците или ги менуваат дестинациите или во зависност од договор со агенцијата ќе им бидат вратени парите, вели Снежана Јовановска, претседател на здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора.

Се очекува ова да трае и тури за Египет да нема цело лето. И Словенија презела ваков чекор. Во моментот на летување во оваа арапска земја се наоѓаат околу 20-тина македонски туристи. Тие во четвртокот заминале со авион од Белград.

Сите биле безбедни, информираат и од МНР и од здружението за туризам при Стопанската комора. Монденските одморалишта се наоѓаат на околу 1000 километри од Каиро каде е центарот на  граѓанската војна.

Речиси на секој час има по еден убиен. Досега загинаа околу 100 лица.

Izvor – Sitel 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1