2 загинати – 49 возрасни и 2 деца критично – биланс од авионската несреќа во Сан Франциско


Две лица го загубија животот во авионската несреќа која се случи на Меѓународниот аеродром во Сан Франциско, кога авионот Боинг 777 на „Азијана Ерлајнс“ се урна при слетувањето.

avionНајмалку 180 лица се повредени и хоспитализирани во болниците во Сан Франциско,  а  има и патници кои долго во ноќта не беа пронајдени и се претпоставуваше дека се сеуште затрупани во урнатиот авион и во околината.

Како што пренесува CNN,  во Главната болница  биле донесени 49 возрасни лица и две деца кои се во критична состојба.

Авионот  кој полетал од Сеул, Јужна Кореја, пред  да слета на пистата во Сан Франциско, се занишал, се превртел наопаку,  паднал и одекнала експлозија, велат очевидци за CNN.

Портпаролот на „Азијана Ерлајнс“ од седиштето во Сеул, потврдил дека во авионот имало 291 патник и 12-член екипаж.

Патнички авион Боинг се урна во Сан Франциско (Видео/Фото)

 

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1