Србија наводно денес забранила увоз на домати од Македонија јавува дописникот на српски Б92.
Иако се уште се чека потврда од државни органи, таков потег бил очекуван по објавувањето на српската влада дека ќе воведе мерки на реципроцитет кон Македонија за увоз на македонско вино и домати.
Владата на Република Македонија донесе формална одлука за забрана за увоз на пченица и брашно од Србија за да се поттикне продажбата на домашна пченица и брашно. Веднаш по оваа одлука Србија најави дека ќе делува одлучно за да им помогне на српските мелничари и дека ќе воведе мерки на реципроцитет.