Скандалозно – половина општини не ги заштитија граѓаните од заразни заболувања


Половина општини не ги заштитиле граѓаните од заразни заболувања. Иако на сите градови законска обврска им беше до 30 јуни да направат дезинсекција и писмено да го известат Државниот санитарен и здравствен инспекторат тоа го сториле само 8 единици на локалната самоуправа, пишува здравство24.

lekariОстанатите прскање против комарци наводно спровеле преку тамошните Центри за јавно здравје за што инспекторатот дополнително ќе проверува. Чучер Сандево, Крушево, Кичево, Сопиште,Маврово Ростуше,Карбинци…се дел од општините кои воопшто не спровеле уништување на инсекти кои пренесуваат зараза.

-Во 27 општини се во тек тендери за дезинсекција, а 10 единици на локалната самоуправа информираат дека тоа ќе го спроведат во текот на јули, вели д-р Весна Николоска Димитровска, епидемиолог и раководител на одделението за епидемиологија во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Здравствениот санитарен инспекторат на сите општини кои не го испочитувале законот ќе им поднесе прекршочна пријава.
-Првично ќе следува прекршочна пријава зошто писмено не не информирале дека спровеле дезинсекција. Во текот на денешниот ден уште еднаш ќе им испратиме укажување, за кое имаат рок да одговорат до 8 дена, по што ќе следува прекршочна пријава, додава д-р Николоска Димитровска.

ДСЗИ уште воп март испратил известување до сите општини до крајот на јуни да направат дезинсекција за да спречат ширење на заразни заболувања. Лани од западно нилска треска која ја пренесуваат комарците починаа 4 лица, а десетина завршија на Инфективна.

Здравство24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1