Кризата ги погоди и локалните власти во Италија. Градоначалникот на гратчето Авецано во централна Италија и членовите на градската управа сами си ги префарбаа своите канцеларии.
Градоначалникот Џовани ди Панеграцио со целата градска управа останувале по работното време , а со свои пари ги купиле и боите и материјалот потребен да ја пребојадисаат општинската зграда.
Во време на економска криза заштедивме 10 илјади евра .
Плативме 470 евра за материјалот , изјавил економскиот помошник на градоначалникот .