Драма во Железара, нападнато девојче голтнало стакло


Вистинска драма вчера вечер се случувала во населбата Железара. Бркотница со ножеви, камења метални шипки дури и српови. Единаесет малолетници кои биле на роденден, биле нападнати од дваесетина маскирани момчиња, пренесува телевизијата Алфа.

stakloo-630x345Причината не ја знаат. Кога виделе дека толпата им се приближува забрзано, децата влегеле во автомобилот на братот на еден од групата кој дошол да ги земе од роденденот. Сите единаесет се качиле и пробале да избегаат. Но групата ги стигнала. Почнала да го демолира автомобилот, а според кажувањата на возачот, со нож го скршиле и стаклото на задното седиште. Три девојчиња се повредени.

Се се случило многу брзо. Било како на хорор филм со холивудско сценарио раскажува нападнатото момче. Едно од девојчињата кое е со потешки повреди голтнало делови од скршеното стакло. Се наоѓа на клиниката за уво нос и грло каде треба да и биде направена хируршка интервенција. Другите две поминале со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Од МВР го потврдија инцидентот.

Интередсно е што полицијаците биле во станот каде се одвивала забавата но само за да интервенираат по жалба за гласна музика. Иницидентот се случил подоцна, кога малолетниците се упатиле кон соседниот парк каде се случил нападот. Според МВР непознатите напаѓачи користеле најверојатно само камења. Се работи на расчистување на случајот.

Алфа

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1