Есма му направи мерак на Субрата Рој


Есма Реџепова – Теодосиевска пееше во чест на индискиот милијардер Субрата Рој и неговите гости на приемот организиран во хотелот Сахара Глобал, пишува Вечер

esma i subrataКралицата на ромската песна пееше “Џелем, џелем” и “Чае шукарије”, а додека ги изведуваше песните Субрата стоеше до неа и уживаше во музичката порција сервирана од грлото на Есма. На Рој, освен својата песна, Есма, која вели дека Ромите и Индијците се еден народ, му подари и неколку оригинални подароци меѓу кои имаше турбан и испечатено македонско знаме. Секако, падна и договор за возвратна посета, Есма го покани наскоро да го посети во нејзиниот дом на Кале во Скопје, да му ги покаже наградите и признанијата и да му подготви некој од нејзините специјалитети, бидејќи е позната и како врвна домаќинка.

Дел од забавата на која се дегустираа индиски специјалитети, беше и премиерот Никола Груевски, многу владини претставници и бизнисмени. Освен традиционални јадења, присутните уживаа и во убавините на индиската музика, но и раскошните традиционални сари во кои беа облечени дамите.

Во Охрид беше и Сабна Мукерџи една од најпопуларните индиски пејачки ѕвезди, која има свое студио и преку 500 нумери отпеани за боливудските филмови. Сабна, која е лична пријателка на Рој пееше за пријателите на милијардерот во Македонија, а фасцинирана од вокалот на Есма разговараа за соработка.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1