Сонцето најмногу му штети на мебелот од трска – ќе го избледи, ќе го исуши и тој ќе почне да пука. За да делува ново постојано, може да го намачкате со лимонова кора, а најдобро ќе го исчистите со вода во која сте ставиле малку детергент и лимонов сок.
За чистење на плетениот мебел за во градина употребете мека четка за рибање. Натопете ја во мешавина од вода и хидратантен сапун и потоа исплакнете го мебелот со вода. За да не навлезе нечистотија во плетениот мебел, меѓу две миења со сапун редовно „туширајте“ го со чиста вода. Мебелот за градина изработен од алуминиум исчистете го со крпа која сте ја натопиле во мешавина од вода и детергент за миење садови.
Дамките и плитките гребаници отстранете ги така што ќе го исполирате мебелот со крпа натопена во мешавина вода и благо абразивен средство за чистење. Исперете го мебелот со вода.
Со пластиката имате најмалку работа – се што ви треба се крпа, вода и сјај за миење садови. Ќе блеска ако го испрскате со WD 40 и ќе го избришете со сува крпа. Ќе послужи и избелувач, а доволно е да ставите половина шолја од него во четири литри вода. Со мешавината исперете го мебелот, а потоа исплакнете го со вода.
Прво детергент за садови, па оцет и на крај лак за коса
Најголем проблем на металниот мебел е ‘рѓата. Освен агресивните хемиски средства може да се отстрани со оцет, а потоа треба да се попрска со јак лак за коса. Мебелот од ковано железо исперете го со чиста крпа која претходно сте ја натопиле во мешавина од вода и детергент за садови. Потоа мебелот добро исплакнете го со вода.
365