За Патрик Слоун деновите на менување пелени не се готови – напротив, во рок од три месеци се породиле и неговата сопруга и ќерката а и внуката. Сите три родиле машки бебиња.
Бидејќи веќе има 60 години на Патрик од Велика Британија ни на крај памет не му било дека ќе стане татко.
,, Многу се изненадив кога дознав дека сопругата е бремена и дека на овие години ќе станам татко. Но кога дознав по неколку дена дека ќе станам и дедо и прадедо буквално ќе се онесвестев,, вели Патрик.
,, Ми беше страв и како ќе реагираат луѓето, пријателите кога ќе им кажам дека пак ќе станам татко. Во оваа доба моите пријатели размислуваат на пензија и мирен живот, но сите одлично реагираа на веста и со нетрпение очекуваа,, раскажува Патрик.
Сепак жената на Патрик, Џоен е 21 година помлада од својот сопруг. Кога објавила дека е бремена сите биле во еуфорија.
35 годишната ќерка на Патрик, Одет, почекала да се смири оваа еуфорија за да нафрли друга – да објави дека и таа е бремена.
Најголемиот шок следел неколку дена подоцна кога ќерката на Одет, внука на Патрик дознала дека и таа е бремена.
Најмладиот син на Патрик Итан е роден во март годинава, веднаш по него на свет дошол правнукот Мејсон, а 12 дена подоцна се родил и неговиот внук Леонард.
Десно – Ќерката на Питер Одет и внукот Леонард
Лево – Внуката на Патрик и правнукот Мејсон
,, Морам да признаам дека веќе не се ни сеќавам на непроспиените ноќи и како се мора да се врти околу детето, но ќе се потсетам, не би се менувал за ништо на овој свет. Итан е сега центар на мојот свет, а кога ќе ги видам тројцата – синот, внукот и правнукот – епа нема посреќен човек од мене на светот,, завршува Патрик кој освен новиот син има уште 3 деца кој се веќе возрасни луѓе.