Го разнежни светот, болеста не ја спречи да биде насмеана – почина малата Талија


talija1

13-годишното девојче кое со оптимизам и насмевка на лицето се бореше со два типа рак ја изгуби долгата битка.

Талија Џој Кастелано, младата интернет ѕвезда која инспирираше илјадници со своите мејкап туторијали, почина.

Талија шест години се бореше со две агресивни форми на рак: невробластома и пред-леукемија (миелодиспластичен синдром).

Во едно од своите видеа таа раскажува за своите чувства.

„Не си мислиш ох, господе, ќе умрам. Си мислиш: Ќе ја изгубам косата, ќе бидам слаба, нема да можам да јадам, да одам на училиште, да ги гледам моите пријатели“ – велеше таа.

talija

„ Со тешко срце споделуваме со сите вас дека Талија ги доби своите крилја“ е тажната порака која осамна на Facebook страната посветена на Талија Џој Кастелано (13) девојчето кое го маѓепса светот со својата насмевка и неизмерната волја за живот.

„Шминката е моја перика“ – беше мотото на шармантната Талија која со преку 150 видеа на YouTube докажуваше дека луѓето болни од рак можат да бидат убави.

Над 800.000 корисници на YouTube ги следеа видеата на храбрата Талија и ѝ се восхитуваа на силата со која минуваше низ исцрпувачките терапии.

Поради љубовта кон шминкањето, CoverGirl минатата година ја прогласи за свој почесен претставник.

„По сто години сакам да останам запаметена како девојчето исполнето со ентузијазам кое сакаше да направи нешто за ракот кај децата“ – изјави таа во интервју минатата година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1