Змија – смок долг околу 2 метри се движел по булеварот “Ленинова“ во Струмица.
Смокот е забележан во саботата пред продавницата на “Нептун“ и предизвикал паника меѓу луѓето кои се нашле во тој дел од улицата, пренесува порталот Струмицанет.
Смокот се движел од влезот на градот по асфалтната улица кон центарот, а дошол и на самиот тротоар пред влезот на продавницата “Нептун“.
Според очевидец, смокот претходно бил забележан позади новите згради до еден автомобил, и како што вели нашиот соговорник кој влегувал во автомобилот, смокот во еден момент се исправил во висина од околу еден метар и со задниот дел на опашката го удрил на човекот по десната рака и побегнал.