Избегнат инцидент: Педалинка во Охрид поради дотраеност почнала да тоне (Фото)


Изнајмувањето на педалинка на охридското крајбрежје од страна на шест млади луѓе од Скопје, за малку не прерасна во сериозен инцидент кога поради дотраеност, реквизитот на длабочина од неколку метра, почнал да тоне.За среќа, оние кои биле на педалинката, и покрај тоа што немале појаси за спасување ,  останале присебни и успеале  да ја довозат педалинката до брегот на езерото, преполна со вода, пишува Ohridnews.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA–    Ја изнајмивме педалинката, но воопшто не знаевме дека е оштетена. Откако по неколку минути се оддалечивме од брегот, почна наеднаш да навлегува вода и со голема брзина да тоне. За среќа не не фати паника, но едвај успеавме да дојдеме до брегот, изјавија момчињата загрижени што се задржале многу подолго со педалинката отколку за времето за кое платиле при изнајмувањето. При тоа, несвесни дека вината и одговорноста е на оној кој им ја изнајмил,  со оглед дека станува збор за реквизит кој воопшто не бил во возна состојба  .

По извесно време, момчињата беа одвезени од страна на граѓани со глисер, кои од очевидци биле информирани дека во близина има педалинка која тоне.Од охридската Капетанија на пристаништа велат дека педалинките како реквизити за забава не се под нивна надлежност, но во план е да се покрене иницијатива за во иднина и тие да се контролираат од нивна страна.

Ohridnews

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1