Двајца пациенти кои истовремено боледувале и од сида и од рак, биле целосно излечени од ХИВ вирусот, откако примиле трансплантација на коскената срж.
„Очекувавме дека ХИВ вирусот ќе го снема од нивните крвни плазми, но изненадени сме што не можеме да најдеме никакви траги од вирусот, ниту во нивните ќелии“, изјави Тимоти Хенрик“, еден од лекарите во болницата во Бостон кој што работел на научна база испитувајќи ги двајцата пациенти.
„Се чини дека за време на анти-ретровирусната терапија, пациентите биле заштитени од ХИВ вирусот, додава Херик.
Оваа сторија се разилкува од онаа на Тимотиј Реј Браун, „Берлинскиот пацент“, кој досега беше единствената личност која беше излечена од ХИВ, но, постојат и одредени разлики во двата случаеви.
Во случајот со Браун, за трансплатација намерно беа одбрани ќелии, за кои се знаело однапред дека поседуваат генетска мутација, која го чини отпорен на вирусот, додека во случајот двајцата пациенти, истите добиле нормални ќелии.
Така и двата пациенти и понатаму примаат анти-ретровирусна терапија, иако досега во пракса било да се прекине со терапијата за време на лечењето со ракот.
И покрај тоа што овие двајца пациенти и случајот со „Берлинскиот пациент“, го открија патот за лек против сидата, лекарите напоменуваат дека трансплатацијата на коскената срж во моментов е прескапа и премноту опасна за сите пациенти да можат да бидат третирани на ист начин.
Намесо тоа, научниците се обидуваат да развијат терапија која што би го модификувала имуниот систем на заразените, како би ги ослободила од ХИВ вирусот, користејќи матични ќелии, но, овој вид на терапија се уште не е во фаза на клиничко тестирање.