Млад, смешен – да се изгазиш од смеење – видете кој е Бојан комичарот (Видео)


Млад, смешен – да се изгазиш од смеење, амбициозен, релаксиран, опуштен дечко – вака накратко може да се опише Бојан Велевски – актер – комичар.

Неговите видео клипчиња се вистинска сензација – активен е на фејсбук а има и настапи низ Македонија. Вели ужива во тоа што го прави и иднината за себе ја гледа како Комичар.

Глумел покрај Мики Манојлович, Никола Кољо, Никола Ристановски…

Еве што за MKnews.MK вели овој шегобиец.

Бојан на македонските улици се намрштени ликови – сакаат ли македонците да се смеат според тебе?

Секако. На македонците и те како им недостига квалитетен хумор. Од она што јас го видов изминативе 7-8 месеци луѓето во Македонија едвај чекаат прилика да се насмеат квалитетно.

Го зачувавме ли хуморот или беспарицата не изеде ? Имаш ли публика за твоите шеги?

Хуморот е нешто што неможе да изумре. Посебно не на овие простори кај нас. Секако дека беспарицата си го прави своето, но тоа не влијае негативно на желбата за хумор кај луѓето.

Секако дека има публика. На почетокот секогаш размислував денови пред настапот дали ќе има луѓе, сега тоа не е случај. Луѓето ме знаат и од претходно па и некако полесно оди рекламата за настапите.

Ти си и актер?  

Завршив на ФДУ пред 2 години. Сега сум и официјално – професионален актер. Дипломирав со претставата ГНЕВ од Стивен Кинг.

Зошто не се насочи на пример на сериозни улоги? Што те влече кај комедијата?

Комедијата одсекогаш била мој заштитен знак. Уште од дете. Но, тоа не значи дека на факултет не запишав зад моето име неколку и те како сериозни улоги, меѓу кои и мојата најдрага од ваков тип – Крал ИРОД – во Салома од Оскар Вајлд

Пред тебе Маријан направи вистински бум со сличен стил – се плашиш ли дека ќе речат дека си негова копија?

Да бевме во било која друга држава никој немаше да се замара со тоа, туку едноставно луѓето ќе речат – Јас го пратам овој комичар, а не ми се допаѓа оној или слично.

Многу добро ми е познат нашиот народ. Не за џабе пола од матријалот за настапите во живо ми е посветен на тоа што луѓе сме.  Луѓето што сакаат можат да зборуваат, она што мене ми е важно е тоа што јас пред себе и пред Бога сум чист. Нити сум, нити ќе бидам нечија копија во мојов живот. Приказната што следи сега прв пат ја откривам затоа што сметав дека прво треба да се докажам, а потоа да се објаснувам.

Јас тргнав во реализација на овие клипови мноооогу месеци пред било кој да помисли на такво нешто во нашава држава. Тоа беше февруари месец минатата година, кога собрав екипа, ја дадов идејата за клиповите и тргнавме заедно со колегата Ефтим Трајчов да пишуваме. Планот беше, 12 епизоди кои ќе ги емитувавме од средина на април до средина на јуни, а ќе ги снимиме за не повеќе од 3 недели. А, од септември да почнам со настапи, и тоа немав некоја особена амбиција во тоа време за настапи по други градови и слично.

На една недела пред да отпочнеме со снимање јас падав од коњ и се повредив на три места. Моравме да одложиме се. Во август кога повторно се собравме монтажерот замина за Америка и додека најдеме замена во тие 10тина дена излезе веќе некој друг со вакви исти клипчиња. Бевме многу разочарани па добри 2-3 недели размислувавме дали да тргаме со проектот или не. Тргнавме со силна верба и ете, на крајот сепак се исплатеше.

По што се разликувате?  

Со Марјанчо сме 200% различни. Таргетираме и скроз различна публика. Секој со својот стил, а и нивото на хумор ни нема допирни точки. Јас се бавам со многу поинакви работи. Психологијата и карактерите се главна тема кај мене. Сарказмот, иронијата и те како се присутни, апсурдот исто така.

Јас сакам мојот настап или клип да те подзамисли откако ќе го изгледаш, а не само да те насмее. Немора да си експерт или којзнае колку да се задлабочуваш за да ги воочиш разликите. Обрнувам и особено внимание на имитациите и ликовите кои ги вметнувам во приказните. Сакам да се автентични и живописни, со конкретна гестикулација, движење, начин на говор итн… . имитацијата е еден од јаките адути и на моите настапи. Тоа е една од главните разлики, а користам и видеа во моите клипови.

Од каде наоѓаш теми – ги користиш ли некогаш како странските комичари искуствата од приватниот живот, случки на пријатели и слично? Дали ти се лутат?

Морам да признаам дека интернет, особено статусите и коментарите што ги гледам на фејсбук ми даваат огромна количина матријал за обработка. Нашите “забавни” портали со сите БУКВАЛНО преведени статии од англиски јазик, превземени од странски сајтови ме смеат до солзи некогаш. Ги следам и светските комичари кои знаат некогаш силно да ме инспирираат или да ми дадат идеја за некоја тема слушајќи ги. А, за приказните од приватниот живот… па 95% од настапот ми е од мое лично искуство, секако дека ги користам и искуствата од луѓето, блиски, далечни, познати, непознати. Сега ми е многу полесно да соберам матријал. Ќе пишам на фб дека пишувам на одредена тема и дека барам помош и пристигнуваат приказни од сите страни.

Па темата за ОХРИД (клипчето на you tube) е 70% случки што им се случиле на моите пријатели.

Дали ти се лутат пријателите што се шегуваш на нивна сметка?

Досега не сум имал непријатна ситуација. На настапите често комуницирам со публиката, правам шеги на нивна сметка многу, но во текот на настапот има еден куп кои се на моја сметка.

Знам само дека Охриѓани ги погоди многу клипчето наменето за нашиот туристички бисер.  Тешко им падна ептен хахахах

Настапуваш ли некаде ?

Имав околу 35 настапи  минатата сезона, кои според наши проценки беа посетени од околу 3.500 луѓе. Тоа е фантастична бројка. Бев во неколку градови. Покрај моето матично Скопје, бев и во Куманово, Берово, Гевгелија… Она што го знам со сигурност на темава е дека следи Штип кон крајот на август како еден вид пред – премиера на новата сезона од Септември.

Интересно за мене е тоа што фирмите кај нас кои имаат повеќе вработени беа доста заинтересирани за моите услуги. Па така нанижав едно 10тина настапи за фирми и неколку матури J

Она што е најново околу настапите е дека добив покана за настап во Загреб, Хрватска, во еден од најголемите stand up клубови на Балканот – Studio Smjeha – па веднаш по филмот интензивно ќе започнам со подготовките за настапите таму. Одам најверојатно на една недела, а би настапил 2-3 вечери.

Каде и како снимаш? Дома, по кафани, на улица?? Ти помага ли некој или си сам свој мајстор?

Хахахаха.. по кафани беее J Снимавме кај цимерите од ФДУ цела зима, но од клипчето ОХРИД наваму сме во продукција Moonlight каде ги имаме сите неопходни услови за снимање и продуцирање со максимално професионални светла, HD камери, профи монтажери – браќата Качански… а ми помага колегата Ефтим без кој не почнува снимање. Тој е контактот зад камерата кој ми е потребен за да сето тоа изгледа природно. Неможам да му зборувам на објективот, ако тоа морам некогаш да го правам на филм, несакам да  го правам и овде 🙂

Сега одиш на снимање – ќе бидеш дел од голем филм – кои?

Станува збор за филмот ДО БАЛЧАК – Приказна за Дивиот Исток – во режија на Столе Попов. Веќе снимивме 2/3 од филмот, во последната фаза сме влезени. Презадоволен сум што влегов во кастингот, имам преку 20 дена снимање и навистина уживам во секој момент. Ја имав таа чест да бидам партнер со Мики Манојлович, Никола Кољо, Никола Ристановски… Тоа се големи имиња од кои може само да се научи. Иако филмот за мене не е ништо ново, сепак До Балчак е искуство кое ќе го паметам до крајот на мојот живот.

Што понатаму – имаш ли цел која сакаш да се исполни? Ајде една прогноза за ваквиот тип уметност во Македонија.. онаа најоптимистичната и секако најцрната од друга страна?

Секако дека имам цел. Целта ми е да се вработам во театар во следните неколку години. Знам дека ќе биде многу тешко, но верувам во себе и своите квалитети. Од 11 години го работам ова и не би се откажал за ништо на светов. Кога би можел да бирам, тогаш би го одбрал Театарот на Комедија. Со тоа би ми се исполнила детската желба, а таа беше на дипломата да ми пишува – дипломиран комичар – J А, црната страна… па како и во секоја друга професија. Ако немаш работа не се чуствуваш исполнето и тоа ја убива креативноста. Тоа е црната страна…

Кој е Бојан ??? 

Тоа е нешто што другите треба да го кажат, но ако веќе морам, би се опишал само со неколку зборови – Амбициозен, тврдоглав, настојчив, го сакам успехот, не се откажувам и одам до крај секогаш, емотивен сум, а во последно време и доста саркастичен (да… тоа е дефинитивно нешто на што морам да внимавам во иднина J) професионална деформација…

Заљубен си  ??? 

Да.

Дали девојките го сакаат твојот хумор – имаш ли проблем – не те сваќаат сериозно??

Дали го сакаат? Па не сум сретал до сега некоја да се пожали хахаххаха… Имам проблем да… ама не е поврзан со хуморот. Најчест одбранбен систем кај девојките е – “Абе бегај таму… глумец си ти не ти верувам.”  хахахаха

Е, тука како да им објасниш дека преку глава ти е од глумење, и дека си само искрен кон нив, а патем речено и сериозен.

Знае ли Бојан да биде сериозен ??? 

Јас у принцип сум многу сериозна личност… Без разлика на тоа што хуморот е во преден план.

Како преживуваш – носи ли пари хуморот во Македонија?  

Во однос на stand up настапите, јас не ги гледам нив како тезга. Туку како ќеиф. Затоа и не правам клипови ради реда, туку пишувам кога имам време, желба и инспирација. Затоа и не настапувам секаде и по секоја цена. Настапувам таму каде што јас сакам и во период кога јас сакам. Имаше месец дена кога неколку понуди за настап ги префрлив за следниот месец.  Не е дека немав време, едноставно бев преморен бидејќи работев на театар и филм истовремено, па не сакав да одам со пола од своите капацитети на настапите.

А дали се живее добро… па не се жалам воопшто, особено што јас си го ценам својот труд, нивото на хумор, а со самото тоа и заработката е на ниво.

Знам дека често ги забавуваш твоите фб пријатели со интересни статуси. Може некој тазе за нас?  екслузивно за MKnews.MK

Ова е еден тазе…

Замисли на девојка ти за роденден и се појавиш на врата, насмеан и со CD од Маријан Стојановски 🙂

Ако ти се испонаша од типот – Шо е ова бе?? Ме заебаваш нешоо??? –

речи и : АЛОООО МААА шо се понашаш, ЗНАЕШ ЛИ КОЛКУ Е ТЕШКО ДА СЕ НАЈДЕ CD ОД МАРИЈАН СТОЈАНОСКИ?? Ај иди ти најди да те видам…

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1