Форбс: Џенифер Лопез највлијателна јавна личност


Пејачката и актерка, Џенифер Лопез, со годишна заработка од 52 милиони долари и значително зголемена популарност, го зазема водечкото место на листата 100  највлијателни јавни личности која ја направи Форбс.

Минатата година, како и 2010-та и донесоа енормна популарност на Џеј Ло, примарно поради новите хитови, но и поради разводот со пејачот Марк Ентони и новата љубовна врска со речиси двојно помладиот Каспер Смарт.

Договорите со козметичките компании „Лореал“ и „Жилет“ и донесоа милионски хонорари, а набргу следеше и лансирање на сопствена модна линија. Исто така, продажбата на втората серија од нејзиниот парфем „Идол“ и донесе на пејачката цели 20 милиони долари.

Највлијателната јавна личност со 6,6 милиони следбеници на Твитер и 12  милиони фанови на Фејсбук, стана неприкосновена и на социјалните мрежи.

На второто место се најде водителката Опра Винфри која неколку години беше на врвот на оваа листа.  Иако минатата година Винфри имаше најдобра заработка од дури  165 милиони долари, ни овој факт не успеа повторно да ја направи највлијателна личност на светот.

Лејди Гага се најде на 5-то место, Ештон Кучер на 51-во, а интересно е што осумнаестгодишниот миленик на тинејџерките Џастин Бибер, во 2011 година заработил повеќе и од Џеј Ло и по вторпат се најде на Форбсовата листа. Овој пат на високото 3-то место.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1