Наместо свеж воздух им мириса на урина и расипани јајца- Ка­нал ја затру населбата Горно Лисиче


Граѓаните што живеат покрај него се жалат дека со години дишат отрови кои се шират од отворениот канал. Тие велат дека до пред неколку години смрдело само на канализација и урина, а сега веќе и на расипани јајца.

Тие се плашат дека во каналот се испуштаат хемикалии, од кои измуреле и жабите и полжавите во него,пишува Вест.

novo lisice“По тоа ќе забележиме дека не се работи само за фекалии туку за хе­ми­ка­лии кои ние секојдневно ги вдишуваме. Веќе не може да се види една жа­ба ниту, пак, жителите собираат полжави, како што правеа секоја про­лет во изминативе години. Не можеме раат да седнеме во двор оти труе на расипани јајца. Луѓето што живеат веднаш до каналот не можат да се спа­сат од смрдеата ниту дома, оти таа продира преку затворените про­зор­ци. Тоа што смрди неподносливо, веќе не ни претставува толку голем проб­лем, колку што не знаеме што вдишуваме. Се плашиме да не се зат­ру­е­ме”, објаснуваат жителите.

Тие велат дека повеќепати досега побарале од Општината и од Град Скоп­је да го затворат каналот, но оттаму не добиле одговор како да се ре­ши проблемот.
“Не сакаат да дојдат ниту да ја искосат тревата околу него, а камоли да го ис­чис­тат и да го затворат”, додаваат тие.
Од општините Аеродром и Кисела Вода, низ кои поминува овој канал, се из­јас­ни­ја за ненадлежни за негово одржување.

Од Град Скопје, пак, велат дека единствено решение што може да им по­мог­не на жителите, е да не ги поврзуваат комуналните приклучоци на ка­на­лот.
“Ка­на­ли­те, од технолошки и од еколошки аспект, не смеат да се зат­во­ра­ат. Доколку се затворат каналите, во определени периоди од годината ќе до­а­ѓа  до поплавување на поширокиот реон околу нив, а во останатото вре­ме не ќе може да чистат. Единствен начин за да се заштитат граѓаните од несаканите појави е да се користат каналите за прибирање ат­мос­фер­ски води, а не да се приклучуваат комунални приклучоци на нив”, изјавија од Град Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1