Лустраторите денеска прогласија 11 соработници на тајните служби чии имиња јавно ќе се објават во наредните денови, а нивните досиеја ќе може да ги читаат сите грaѓани.
Кого кодошеле, како, што известувале, што добиле – сите овие информации ќе се достапни на нтернет.
Во првата група се и оние кои веќе се прогласија за кодоши, па се стопираше постапката, е сега по втор пат пак се кодоши. Меѓу нив се и имињата на Владимир Милчин, Слободан Угриновски и други девет.
Претседателот на Комисијата Томе Аџиев вели дека дел од нив се актуелни, а дел поранешни функционери.
Член на комисијата за лустрација побара јавното обвинителство да реагира против еден интернет-портал затоа што неовластено ги објавил кодошите пред тоа да го стори Комисијата.
Милчин нема да коментира јавно се додека решението не го види написмено. Тој тврди дека тој бил предмет на следење и обработка а не дека тој кодошел.