По неуспешен абортус, судот му нареди на гинекологот да го изджрува детето


Шпанскиот суд, по неуспешен абортус, му нареди на гинекологот финансиски да го издржува детето. Лекарот ќе мора да плаќа 1000 евра месечно, се додека детето не наполни 25 години.

Момчето е родено во октомври 2010 година, шест месеци по неуспешното „чистење“.

Операцијата е извршена во седмата недела од бременоста, набргу откако жената утврдила дека е бремена.

 За да биде уште почудно, кога жената дошла на контрола и рекол дека ултразвукот покажува дека абортусот е успешно извршен. Жената по три месеци почнала да расте во стомакот. Најпрво мислела дека се работи за друга бременост, но прегледот го покажал спротивното, дека се работи за првата, веќе поодмината бременост. Шпанија дозволува абортуси само до 22 недела од бременоста, а жената веќе била шести месец и била присилена да го роди.

„Барав совети и сите ми велеа дека е грев да абортирам во таа доба од бременоста“, изјавила бремената жена, која прво се криела од родителите дека ке трудна, но подоцна морала да се пресели кај нив поради издржување на детето.

Таа го тужела докторот и судот му одредил казна од 150.000 евра и месечна алиментација се додека момчето не наврши 25 години, т.е дополнителни 293.000 евра.

Адвокатите на докторот подготвуваат жалба.

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1