Скопје 2014 – Аеродром 2012- македонски изум за наводнување на тревата (Фото)


Купувате шише кисела вода (20- 25 денари). Ја пиете. Земате игла. Го пробушувате шишето на неколку места.

Го ставате на врв на црево, за посигурно го изврзувате со најлонска ќеса (2 денари) и со врвца.

Ја стегате цврсто врвцата. И го ставате цревото во чешма.Ја пуштате чешмата.

Овој изум деновиве е забележан во урбаната скопска населба Аеродром. И изумот е урбан.

Не чини речиси ништо, а ја врши истата работа како и „профи“ наводнување. Некако, нема манири на барок, за да можеме да сме сигурни дека е дел од проектот Скопје 2014, но нема сомнение дека е реализиран дел од проектот Аеродром 2012. И тревата расте, тревата е зелена, а со тоа и Македонија раззеленета.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1