Стрејт стануваат геј – геј стануваат стрејт


 

Многу лезбејки се мажени, имаат деца и живеат во среќен брак. Истото се случува и со мажите. Многу луѓе се срамат да ја кажат јавно својата сексуална ориентација, но се случува и да ја менуваат во текот на животот.

 

Експертите ги истражуваа факторите поврзани со женското и машкото возбудување и дојдоа до заклучок дека жените било да се хетеро или геј, повеќе ги стимулираат еротски фотографии од жени. Мажите, за разлика од жените повеќе се „палат“ на слики кои одговараат на нивната сексуална ориентација.

Научниците од Универзитетот Јута, проучуваа 100 лезбејки во период од 10 години и констатираа дека има многу големи промени во нивните сексуални чувства. Тие сметаат дека жените кои се декларираат како геј, од време на време ги привлекуваат и мажи, а повеќето дури се бисексуални и имаат истовремени врски и со двата пола.

Чудно, но само една третина од жените кои се изјасниле како лезбејки на почетокот на истражувањето, покажале склоност кон својот пол само за времетраењето на студијата. Според експертите, оваа појава го објаснува фактот дека многу жени кои биле во врска со жени подолго време, на крај се мажат и раѓаат деца.

Што значи тоа? Дали сексуалната ориентација е навистина променлива? Според научинците, ако искрено веруваме дека е прифатливо да имате сексуална и романтична врска со личност која прво била со жени, а потоа и со мажи, таа индивидуа  треба да ја сфатиме како некоја која сакала сладолед од чоколадо, но подоцна преминала на сладолед од ванила.

Сексот меѓу двајца возрасни, како и изборот на омилен сладолед е работа на уживање и вкус, личен избор, а не општествен проблем, сметаат експертите.

 

Share Button

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1